Дома Македонија Повратник од Германија кој е во карантин во Битола: Лебот е бајат,...

Повратник од Германија кој е во карантин во Битола: Лебот е бајат, а павлаката е мувлосана

Нермин Бишевац, од саботата, кога се вратил од Германија, е сместен во државен карантин во хотелот „Молика“ – Битола. Храната на хотелот, според него, не може да се јаде, а се случило да добијат и мувлосана храна.

Loading...

Имено, неодамна тие добиле скиселен јогурт што “не можеш во уста да го ставиш, а не па да го испиеш“, а вчера добиле мувлосана павлака.

“Тие што не забележале, си ја изеле“, вели Бишевац.

Лебот исто не се јаде, вели тој. Толку е бајат што Нермин се шегува, дека е од пред да биде донесен законот за карантин“.

Во врска со ова се жалел и кај персоналот на хотелот, но не верува дека нешто ќе се подобри.

ТВ21 побарала став од Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски кој изјавил дека Владата е надлежна за одредувањето на државните карантини, но нема никаква одговорност за храната.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ 21

Loading...