Дома Македонија Ова се новите термини за шетање кучиња по скратувањето на полицискиот час

Ова се новите термини за шетање кучиња по скратувањето на полицискиот час

Ситуацијата со Ковид-19 во нашата држава, во последните десетина денови е видно порелаксирана. Нема експоненцијален скок на заразените, а за среќа и бројот на починатите не е во голем број.

Loading...

Сето ова, доведе до ситуација, владата пред три денови да донесе одлука за релаксирање на карантинските мерки и скратување на времетраењето на изолацијата, која во работните денови почнуваше во 16 часот.

Согласно со скратувањето на полицискиот час, Владата усвои заклучоци за измени кои се однесуваат на домашните миленици и дозволата да се изнесуваат надвор.

Граѓаните кои живеат во згради од понеделник до петок може да ги изнесуваат до 19 часот односно пред започнувањето на забраната и посебниот режим на движење.

Во сабота домашните миленичиња ќе може да се изнесуваат во времетраење од 30 минути во вечерните часови, односно од 20 часот до 20.30 часот.

Во недела ќе може да се изнесуваат по 30 минути во три термини во денот – наутро од 8 до 8.30 часот, попладне од 15 до 15.30 часот и навечер од 20 до 20.30 часот.

Loading...