Дома Македонија ,,Луѓе кои сеуште носат деца по ,,бајачки” зборуваат за 5г и чипирање”

,,Луѓе кои сеуште носат деца по ,,бајачки” зборуваат за 5г и чипирање”

Статус на Виктор Трифуновски:

Loading...

Луѓе кои се последни во Европа во трансакции преку интернет (мислам на цел Балкан) луѓе кои се последни во Европа по користење на банкомати и платежни картички, толку многу знаат за 5Г техонологијата… НЕВЕРОЈАТНО!

Како е можно, луѓе кои сеуште носат болни деца кај бајачки и слични надри лекари, да зборат за вакцини со чипови и нано-технологија?

Особено ме чуди, како е можно нашите луѓе, толку добро и „стручно“ да влегуваат во секакви големи и сериозни дебати (гео-политика, гео-стратегија, економски кризи, берзи, глобални банки, војни, санкции, 300 чуда…) а 30 години да гласаат за најлошите и најкорумпираните политичари кои се појавиле на европска сцена?

Loading...