Дома Свет И додека некои сметаат дека е завера и дека не постои –...

И додека некои сметаат дека е завера и дека не постои – светот достигна 200 илјади мртви од Корона

Многумина сметаат дека сето ова е завера, дека се бројот сите што ќе починат, дека бројката не е поголема од вообичаената при сезонски грип, се чини не е така. Светот денес ќе ја достигне бројката од 200 илјади мртви!

Loading...

Од нив, на европскиот контитент се нешто над 120.000 починати, а од тоа три четвртини се однесуваат на Италија, Шпанија, Франција и Велика Британија.

Со вкупно 120.140 починати, од 1.344.172 потврдени заразени лица, Европа е континент кој е најтешко зафатен со пандемијата на Covid-19, а која според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, усмртила во светот 197.871 лице.

Италија според бројот на смртните исходи е водечка во Европа, со 25.969 починати. На второто место на континентот е Шпанија со 22.902 починати лица. Следи Франција со 22.245 мртви, а на четвртото место е Велика Британија со 19.506 починати.

Со 51.949 потврдени смртни случаи од коронавируост САД поединечно се замјата со најмногу починати од Covid-19 во светот, исто така според податоците на Институтот на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во саботата до 15 часот по македонско време.

Според Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во сојузната држава Мериленд, кој ги сумира податоците од федералните и од локалните власти, медиумите и други извори, во САД има 905.333 заразени лица.

Loading...