Дома Македонија Георгиевски: Тодор Александров и Ванчо Михајлов до 90′ година и во Бугарија...

Георгиевски: Тодор Александров и Ванчо Михајлов до 90′ година и во Бугарија биле на црна листа

На социјалната мрежа Јутјуб, може да се изгледа интересна дебата меѓу поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и македонски премиер Љубчо Георгиевски и новинарот Ерол Ризаов од пред неколку години. Главна тема е македонската историја, односно табуата и особено фрлањето ,,анатема” на Тодор Александров и Ванчо Михајлов.

Loading...

Тодор Александров Поп-Opушов (Ново Село, 4 март 1881 – Сугарево, 31 август 1924) — македонски политички лидер, војвода и еден од водачите на ВМРО.

Во 1898 година се приклучил во ТМОРО. Бил учител и раководител на месните комитети во Кочани, Виница, Кратово, Ново Село и Штип, секретар на четата на штипскиот војвода Мише Развигоров (1905) и на кочанскиот околиски војвода Симеон Георгиев – Кочански (1907), окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ (1907), член на ЦК на ВМОРО (1911), член во Штабот на III македонска бригада во Балканските војни и во Штабот на партизанската чета на III бригада на XI македонска дивизија во Првата светска војна.

По војната, заедно со Александар Протогеров и Петар Чаулев, ја обновил организацијата под името ВМРО (1919) и во 1920 ја зацврстил во Пиринскиот дел на Македонија, каде што создал организациона и воена база и оттаму ги обновил оружените четнички акции во Вардарскиот дел на Македонија.

Дејствувал против политиката на земјоделската влада на Александар Стамболиски за зближување со Кралството на СХС. Го потпишал Мајскиот манифест за обединување на македонските револуционерни сили (1924), но пред убиството јавно се откажал од својот потпис.

Љубчо Георгиевски во емисијата потенцира дека во времето на комунизмот, кој бил на власт и во соседна Бугарија, до 1990 година Тодор Александров и Ванчо Михајлов и таму биле оцрнувани, исто како што тоа и ден денес се прави кај нас.

Loading...