Дома Македонија Мицкоски бара лидерска: Ајде да ги отвориме сите карти

Мицкоски бара лидерска: Ајде да ги отвориме сите карти

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интерву на 360 Степени на Алсат побара претседателот Стево Пендаровски да свика нова лидерска средба.

Loading...

-Да не создаваме непотребно тензија во јавноста, да не се контрираме со позиции и да се надмудруваме и да видиме кој е погласен или повидлив, па тие се против ние сме за.

Да не ја оптоваруваме јавноста, доволно се оптоворани луѓето со ова што ни се случи со панедемијата и сиот економски ризик во кој живеат граѓаните. Дајте да седнеме да направиме една лидерска средба и да ги отвориме картите – рече Мицкоски.

-Се наоѓаме во една многу деликатна ситуација кога имаме поранешни пратеници, и тоа не го говори само ВМРО-ДПМНЕ, туку и професори како Климовски, Силјановска, Каракамишева…

Поранешни пратеници не може да поднесат иницијатива. Тоа би било преседан и кршење на Уставот. Точно е дека ние имаме интерес да има систем на контрола на власта, но не на овој начин.

Што е целта што власта сака противуставно да се свика Собранието? Првата е онаа што ја кажуваат, да се потврди вонредната состојба. Втората теза е дека сакаат да наметнат датум за избори. Можеби е некоја трета цел. Но, полека на сигурно преоѓаме во една кризна состојба, смета Мицкоски.

Loading...