Дома Македонија Македонија денес повторно се разбуди со сцена како од филм – убиени...

Македонија денес повторно се разбуди со сцена како од филм – убиени две лица при грабеж на казино

Четворица маскирани со автоматско оружје влегле во казиното и почнале да пукаат кон присутните. Смртно погодиле едно лице од Косово кој бил гостин, додека со удар во главата го убиле и вработениот како обезбедување во казиното.

Полицијата се уште трага по напаѓачите кои засега не се познати.

Од МВР информираат дека разбојниците од касата го одзеле дневниот промет и избегале. Засега немаат точна сума колку пари се украдени од казиното.

Loading...

„На 15.02.2020 во 04.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје влегле четири вооружени лица и почнале да пукаат кон присутните, при што го погодиле В.Х. (22) од Косово, кој починал на местото. Додека, според пријавеното, Б.Н. (20) од с. Крушопек, скопско, ангажиран како приватно обезбедување во казиното, со кундак бил удрен во главата, по што и тој починал“, соопштија од МВР.

Од МВР информираат дека разбојниците од касата го одзеле дневниот промет и избегале. Засега немаат точна сума колку пари се украдени од казиното.

За нецел месец, ова е втор вооружен грабеж. Пред две недели пет маскирани лица ограбија казино во Порта Влае, а претходно во истата населба беше ограбена и банка.

Loading...