Дома Македонија Собранието денес нема да се распушти – ВМРО го напушта парламентот?

Собранието денес нема да се распушти – ВМРО го напушта парламентот?

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека не гледа причина за натамошно учество на пратениците од партијата што ја предводи во Парламентот поради отстапувањето од политичкиот договор денеска да биде распуштено Собранието.

Loading...

-Навистина не ја гледам повеќе потребата од учество на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Во текот на денов ќе имаме Извршен комитет, ќе разговараме на оваа тема и јавноста ќе биде навреме информирана за следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска Мицкоски на новинарско прашање што ќе преземат со оглед дека досега не е прифатено нивното барање законодавниот дом да се распушти денеска.

Мицкоски порача дека не треба да се отстапува од постигнатиот политички договор за термините за распуштање на Собранието и за избори.

Во однос на предлогот од премиерот Оливер Спасовски за разрешување на министерката за труд Мизрахи, кадар делегиран од ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада, апелира на разум и достоинственост, како и дека не е принципиелно ниту пак согласно со Законот за Влада. Смета дека тоа се политички маневри и предупредува дека може да ја однесат државата во тешко политичко сценарио.

Loading...