Дома Македонија Каракамишева: За оние кои се ептен дудуци по право еве ќе се...

Каракамишева: За оние кои се ептен дудуци по право еве ќе се обидам да им навезам

Статус на Тања Каракамишева:

Loading...

,,И за оние кои се ептен дудуци по право еве ќе се обидам да им навезам дека преземање надлежност од СЈО во ОЈО за организиран криминал и корупција НЕ Е МОЖНО, затоа што самиот наслов на СЈО кажува дека е тоа СПЕЦИЈАЛНО ОБВИНИТЕЛСТВО формирано само за една намена, а не редовно јавно обвинителство.

Оттука, РЕДОВНОТО ОЈО за организиран криминал и корупција НЕМА СТВАРНА НАДЛЕЖНОСТ да постапува по или за прашања што биле во надлежност на специјалното ЈО.

Второ, прв пат гледам во закон за јавно обвинителство да биде разработено кривичното гонење, материја што е детално уредена во законот за кривичната постапка.

Трето, не знам зошто предлагачот на законот во преодните и завршни одредби на законот не ставил посебен став кај што експлицитно ќе каже “Бомбите важеја како докази само против ВМРО-ДПМНЕ, СИТЕ НИЕ ОД СДС И ДРУГИТЕ СИ ОБЕЗБЕДИВМЕ ЗАКОНСКА ГАРАНЦИЈА ЗА НЕКАЗНИВОСТ”!”

Loading...