Дома Македонија Осумтемина ,,независни” пратеници ќе го поддржат законот за ЈО – објаснија и...

Осумтемина ,,независни” пратеници ќе го поддржат законот за ЈО – објаснија и што постигнале во преговорите

Во насока на постигнување на консензус по однос на понуденото законско решение за законот за Јавно обвинителство, како и одржаната јавна расправа по однос на истиот, а со цел донесување на закон кој треба да ги почитува принципите на независност, владеење на правото, почитување на правата на обвинетите, осудените и оштетените во кривична постапка, ние како Независна пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, ги застапувавме следните ставови. Еве што постигнавме

Loading...

1. Јавниот обвинител кој ќе раководи со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да биде избран со непосредно гласање на сите обвинители

2. После завршената акаде

ија обвинителите да мора 3 години да бидат во основни обвинителства

3. Ја дефиниравме дисциплинската постапка како не би можела да биде злоупотребена

4. Јавното обвинителство повеќе не може да заснова обвинение врз основа на незаконски прислушкувани материјали

5. Согласно забелешките на сите присутни експерти на јавната расправа во однос на преносот на надлежностите од СЈО во ОЈО, а во духот на времениот карактер за кој СЈО беше формирано, предложивме преземање на предметите од јавните обвинителства согласно надлежностите утврдени со овој закон

6. Обвинението за случаите Талир 1 и Талир 2 поднесени после законскиот рок се обвиненија во кои отпаѓаат незаконски прислушкуваните материјали, и со тоа ја исправаме неправдата, односно даваме фер шанса сега без незаконски прислушкуваните материјали да ја докажат невиноста и неаргументираноста за постоење на овие случаи

7. Предложивме уништување на незаконски прислушкуваните материјали, на прецизен начин, јасно опишано во овој закон

8. Го прецизиравме рокот за конечно одлучување по жалби 9. Собранието на Република Северна Македонија до отпочнување на примената на овој закон (30.06.2020) ќе го усогласи кривичното законодавство со европските стандарди при што во преодните одредби ќе ги наведе броевите на членовите од новиот закон кои кореспондираат во членовите од кривичниот законик.

Loading...