„Бело“, „кокс“, „кока“, „снег“, „снешко“… било кој назив да користите, употребата на овој наркотик предизвикува тешки последици по уживателите ширум светот.
Дали е ОК да се користи кокаин барем еднаш седмично?
Никако! Последиците од внесувањето на кокаин во организмот се потешки од оние кои ги создава синтетичката MDMA. Пред се, оваа супстанција создава оштетување на срцето, а со време може да предизвика и целосен престанок на работата.
-Периодичното земање на кокаин е еднакво опасно како и постојаната консумација.
Ги стеснува крвните садови и поради тоа срцето забрзано пумпа. Тоа е исто како кога постојано да стискаме на педалата за гас а имаме испрекинат доток на гориво – вели д-р Адам Винсток, автор на анкетата „Дрогата ширум светот“.
Доколку сте 50-годишен пушач, вашето срце е под големо оптеретување во споредба со 20-годишен спортист.
Ризикот од оштетување на највиталниот орган расте со текот на годините, а истиот случај е и при консумирање на наркотици.
Постојат ли викенд зависници?
Исто така, ризикот расте со величината на „линиите“ кои се шмркаат.
Просечно 0,5% од сите зависници завршуваат во болница поради нус појавите предизвикани од континуираното консумирање.
Вообичаената пракса во најголем број земји е – да од еден грам се направат 10 „линии“. Сепак во Бразил уживателите на кокаин се помалку скромни, па од еден грам формираат 6 „линии“.
Стапката на хоспитализација во оваа јужноамеричка земја е 3,5% – наведува Винсток, а пренесува британскиот Метро.
Затоа, немојте да се залажувате – не постои „викенд зависник“! Секојпат кога користите кокаин се изложувате на голема опасност!.