Дома Балкан Марина за да избега од Павле менувала и работни места, но не...

Марина за да избега од Павле менувала и работни места, но не успеала

Ден по случајот што се случи на Воениот пат кај аеродромот Батајница, каде што полицаецот Павле Р. активирајќи рачна бомба си пресуди себеси, но и на Марина П., голем број пријатели и роднини се собраа пред семејниот дом на несреќна девојка во Нова Пазова за да искажат сочувство.

Како што неофицијално дознаваат српските медиуми од познаници на Марина, таа работела во градинка во Стара Пазова. Таму и се запознала со Павле, татко на две деца кои оделе во таа градинка. Според нив, за децата доаѓале и таткото и мајката, во зависност кој можел заради обврските. После долгогодишно работење во градинка во Стара Пазова, во септември 2019 година Марина ненадејно ја напуштила таа градинка.

Loading...

Неофицијално, таа добила работа во родниот град во локална градинка каде што останала четири месеци. Најверојатно се иселила од Стара Пазова за да не го гледа повторно Павле. Пред помалку од еден месец, Марина повторно променила работно место и се вработила во близина на семејниот дом.

Според родителите кои ги носеле децата таму, таа максимално професионално си ја вршела работата и никој досега нема поплаки. Исто така никој досега не ја видел во друштво на Павле.

Наводно, Марина го напуштила своето долгогодишно момче заради Павле (31), но тој не сакал да се разведе од жената заради неа. На несреќниот ден тој ја однесол Марина на стариот Воен пат, каде ретко кој поминува и во налет на растројство активирал рачна бомба и двајцата загинале.

Loading...