Дома Македонија (ФОТО) Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ умешно ја чува својата сопруга од очите на...

(ФОТО) Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ умешно ја чува својата сопруга од очите на јавноста

Младиот политичар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, може да се пофали со својата импресивна кариера. Тој досега можеби не бил на некоја министерска позиција, но затоа речиси од почеток е во првите редови во најголемата опозициска партија (претседател на УМС во период од 2004 до 2008 година и повеќе од 10 години член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ), а воедно важи и за еден од најблиските луѓе на Никола Груевски и Христијан Мицковски.

Неговата кариера како политичар заслужува само пофалби, но и неговата сопруга, Александра, која изгледа преубаво.

Тој многу ретко на настани се појавува заедно со сопругата, а јавноста имаше можност да ја запознае избраничката на Николоски кога беше нивната свадба.

Loading...

Тие запловија во брачни води во јуни 2018 година, кога во охридската црква Св. Богородица Перивлепта се заколнаа на вечна љубов, а фотографиите од елегантната и романтична венчавка ги воодушевија сите.

Од нив можеме да видиме дека саканата избраничка на Александар изгледаше прекрасно како невеста, а кога ќе ги погледнете фотографиите, сигурни сме дека и вие ќе се воодушевите од изгледот на дотичната дама.

Па погледнете како изгледа дамата што го освои срцето на еден од нашите најнадежни политичари од помладата генерација.

Инаку, невестата Александра Димитриеска по потекло е од Охрид, додека нејзина професионална определба е економијата. Дипломирала и магистрирала економски науки во Љубљана.

Loading...