Дома Македонија Бојан Јовановски се огласи денес и откри како се чувствува

Бојан Јовановски се огласи денес и откри како се чувствува

Јас сум 55 пати носен во болница откако сум во притвор и не сум експериментален глушец за некој да напише едно, друг друго и на крајот обвинителката да констатира дека сум во добра здравствена состојба, реагираше обвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13 на денешното судското рочиште кое се одложи бидејќи не се појавија адвокатите на поранешната специјалната обвинителка Катица Јанева.

Loading...

Тој рече дека не сака повеќе да оди на испитувања бидејќи досега има многубројни лекарски извештаи.

„Вкупно 55 пати бев носен на испитувања. Не сум експриментален глушец. Ве молам да не си играте со моето здравје“, посочи Јовановски.

Тој додаде дека органот кој му е опфатен е пред малигнитет.

„Има специјалистички и субспецијалистички наоди како да се постапува со мене, а не се постапува, се чувствувам дискриминиран“, истакна Јовановски.

И неговиот адвокат Сашко Дуковски во изјава за медиумите зборуваше за здравствената состојба на Јовановски при што рече дека од неколкуте здебелени чирови на желудникот се земени примероци да се испита дали станува збор за можен карцином.

Loading...