Дома Македонија Ванковска до поповите: Немате право народот да го нарекувате ,,Багра”

Ванковска до поповите: Немате право народот да го нарекувате ,,Багра”

Статус на Билјана Ванковска:

,,Лутете се колку сакате, верници, ама морам да си кажам…

Горе-доле, завршија верските празници (барем за јануари), а сцените што ги гледаме се исто толку грди и недолични како и досега.

Loading...

Ако кај децата се поттикнуваат/негуваат верски чувства преку коледе, преку трката кој поголем „плен“ ќе донесе дома, а кај возрасните кој ќе ја добие наградата на Водици – тогаш тоа нема никаква врска со верското учење за вредноста на нематеријалното, за емпатијата, солидарноста, несебичноста, пожртвуваноста…

Или јас нешто погрешно сум разбрала, или црквата не си ја врши добро мисијата во ова сиромашно општество, сиромашно и по дух и материјално.

И црквата е дел на елитата на моќта, свртена кон материјалното и овоземскиот луксуз и убав живот, т.е. едно зборува, друго прави.

Затоа и нема право на паствата да ѝ се обраќа со „багра“… И кога на ова ќе го додадете општиот контекст на капитализам во периферија, коруптивност и корупција, саможивност и битка за секохја трошка од трпезата на богатите – го добивате ова што го имаме…

Македонија, според статистиките, е земја со најголем процент верници – ама има многу малку вистински побожни луѓе… барем таков ми е мене впечатокот…

Loading...