Дома Македонија Јоци: Никогаш не сум криела дека сум СДСМ, а ВМРОвците се палат...

Јоци: Никогаш не сум криела дека сум СДСМ, а ВМРОвците се палат на комуњарки

Јорданка Ивановска Јоци: ,,Сериозно не знам јавноста што ги замислува новинарите и медиумите, но секој новинар во Македонија, веќе 25 години наназад има етикета – или си ВМРО или си СДСМ. Поделени сме како Атлантски и Тихи океан.

Сите ние сме на крајот од денот гласачи, гласаме за некого согласно нашата идеологија кон некого. И тие емоции ни влијаеа и врз работата. Сакале – неќеле.

Сега веќе мене не, бидејќи пред 3 години решив да не бидам повеќе новинар, туку коментатор. И сум на чисто со себе, дека сум субјективна. И точка.

Loading...

Не лажам никого дека сум неутрална, објективна, бла блааа…. Тоа што други глумат новинари, а во меѓувреме нарачале нови џипови, не е мој проблем.

Ја не се сметам од 2017та за новинар. А, и јавно објавив дека не сум се пазарела за функции. И нема да прифатам. И тоа го исполнив.

А, можев да се испазарам за некое директорско место. Мене тоа не ме ,,пали”.

Мојата етикета е СДСМ, отсекогаш. И кога конкурирав во МНР во време Љубчово, брв одбиена и како новинар. Сум била член на СДММ, тоа 20 пати сум го кажала јавно. Ја сум таа матрица, не се менувам.

Бев дел од ,,Шарена”, јас не се криев!? И бев една од малкуте експонирани новинари кои не се криеја. Со слики, со писанија, со се’.

Па, мене, бе луѓе Коце во диктафон ми кажа пред 10 години на интервју – ,,Прашањава на Бихаќка да не ти ги спремаа?”.
Вмровците се на чисто со мене. Одамна. Они точно знаат со кого си имаат работа. И не се ни обидуваа да ме сменат.

Ме сакаат токму ваква, пошто ги ,,палам”. Они многу сакаат ,,комуњарки”, ама не смеат јавно да признаат.

Ама увек сум била фер кон нив, не сум ги злоупотребила за ку рташак, без докази, да се праам ,,голема”. Они поише пателе од нивни кодоши, одошто од мене.

Не ги знам ни Зоки, ни Вице, ни Петре. Кој ќе приложи доказ дека ги знам, нека објави. Најслободно.

Јас само морам да верувам во она во кое верувам. Така функционирам. Така сум најбоља.

Праќам љубов!

Loading...