Дома Македонија Царовска: Зголемената минимална плата на 14.500 се почитува – газдите мораат...

Царовска: Зголемената минимална плата на 14.500 се почитува – газдите мораат да ја исплаќаат

Мила Царовска, вицепремиерката за економски прашања, на  прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека, според нејзини информации, исплатата на првата минимална плата од 14.500 денари оди во најдобар ред без масовни злоупотреби од работодавачите.

– Овие денови се сретнав со организациите и со синдикатите и ниту еден од нив немаше поплаки за минималната плата, иако најточно за да се види дали има одредена санкција треба да се обратите до Државниот трудов инспекторат.

Она што може да се заклучи е дека алармот не е вклучен, рече поранешната министерка за труд и социјална политика.

Loading...

Царовска додаде дека најавеното следно зголемување на минималната плата на 16.500 денари нема да се реализира во овој мандат затоа што не се реализирало планираното владеење од четири години.

– Да беше мандатот четири години, јас сум сигурна дека ќе ја постигневме таа висини. И стопанските комори и здруќенијата на работодавачи, како и синдикатите, се согласни дека таа треба да се зголемува за работниците да останат овде.

Оние кои имаат потешкотии со нејзината исплата, државата им помага со субвенционирањето, наведе Царовска.

Таа додаде дека очекува да се намалува бројот на работници кои работат за минималец поради мерката за субвенционирање на придонесите.

Loading...