Дома Македонија Се огласи Цветан Трипуновски: Видеото што го објавив не е никаков мобинг

Се огласи Цветан Трипуновски: Видеото што го објавив не е никаков мобинг

По објавувањето на видеото од страна на дополнителниот министер за земјоделство Цватан Трипуновски, во кое се гледа како врши инспекција на вработените во подрачна единица дали се на работа, се дигна огромна прашина дали е дозволен гестот што тој го направио.

Трипуновски се дообјасни на социјалните мрежи:

,,Гледам многу нервоза и хистерија на Бихаќка! Па како и нема да има кога нивните функционери се фатени за време на работно време со нозете во вис!

Loading...

Дел од моите работни активности како министер е и контролата врз вработените и работните простории. Жалење за нехуманиот однос на локалните функционери кон земјоделците, добив од фармерите. И тоа што ми го кажаа и го воочив и сам, а камерата го документираше.

Ниту е прекршен Законот за заштита на лични податоци, ниту е извршен мобинг! Јавен интерес е оваа снимка да биде објавена. Земјоделците ќе ги заштитам секогаш и секаде.

Ниту пак мобинг е извршен бидејќи мобинг е тоа што го прави СДСМ и нивните функционери со илјадници земјоделци секојдневно го прават, ги омаловажуваат и не им даваат субвенции и по неколку години.

Трајане, јас ќе бидам со земјоделците без разлика кој што ќе каже. Јас сум заштитник на обичниот граѓанин и земјоделец и сум горд на тоа.

Бидете спремни на многу вакви контроли. Затоа што тој што не работи се жали, тој што работи ќе биде награден.”

Loading...