Дома Македонија Апасиев: Нашите пратеници ќе гласаат за идна влада само под еден услов

Апасиев: Нашите пратеници ќе гласаат за идна влада само под еден услов

Лидерот на Левица Димитар Апасиев во синоќешното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа рече дека црвена линија на Левица за правење коалиција за формирање влада е поништување на Преспанскиот договор.

-Ако фалат на некој нашите пратеници за формирање Влада, Левица на маса веднаш ќе го стави поништувањето на Преспансиот договор.

Тоа е нашата црвена линија за коалиција и по цена да не се формира Влада, а и да сме вечно во опозиција, вели Апасиев.

Loading...

Тој рече и дека ВМРО-ДПМНЕ во однос на промената на името да биле на власт ќе го направеле истото.

-Според моите сознанија, ВМРО-ДПМНЕ се „легнати на брашното“, што се однесува до Преспанскиот договор. Немаат јасен став дали ќе го поништуваат или нема да го поништуваат. П

отајно се радуваат дека не им се падна нив да го решаваат спорот со Грција, вели Апасиев.

Според него во време на Груевски никој не се одметнал да направи нешто што не во согласност со политиките на партијата бидејќи пратениците ги „држел“ со меници.

-Во времето на Груевски никој не се одметна да направи такво нешто бидејќи ги држеше пратениците со меници. Оние 8 биле без меници и кажано им е да гласаат.

Да беа ВМРО-ДПМНЕ на власт и тие ќе гласаа за промена на името. Сега нема политичко лидерство кај најголемата опозициска партија да се укиние Преспанскиот договор, вели Апасиев.

Loading...