Дома Македонија ВМРО-ДПМНЕ доби нов пратеник – Емилија Трајковска од Куманово

ВМРО-ДПМНЕ доби нов пратеник – Емилија Трајковска од Куманово

Емилија Трајковска од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, ќе биде нов пратеник во Собранието на Македонија на местото на Невенка Стаменковска- Стојковски, која стана заменик министер за информатичко општество во техничката Влада.

Државната изборна комисија (ДИК) треба да го потврди мандатот на Трајковска, а верификацијата ќе го изврши Собранието на една од наредните седници.

Трајковска беше на изборната листа на Коалицијата за подoбра Македонија во втората изборна единица на место број 13.

Таа е актуелен советник во Советот на Општина Куманово и поранешна претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Куманово. Нејзиното советничко место ќе го завземе Елена Трајановска, која е следна жена на листата за советници.

Емилија Трајковска по професија е дипломиран економист и работи во Агенцијата за странски инвестиции, Сектор за промоција на извозот.