Дома Спорт Познат наследникот на Алушевски во Еурофарм

Познат наследникот на Алушевски во Еурофарм

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер информира дека нов шеф на стручниот штаб на РК Еурофарм Пелистер ќе биде Жељко Бабиќ, поранешен селектор на Хрватската ракометна репрезентација и тренер на РК Загреб, РК Мешков Брест и РК Горење Велење.

Loading...

Бабиќ е роден на 19 мај 1972 година. Во досегашната своја тренерска кариера, како помошник тренер со репрезентацијата на Хрватска има освоено бронзани медали на Олимписките игри во Лондон 2012 год, Европското првенство во Србија 2012 год и Светското првенство во Шпанија 2013 год.

Како селектор со ракометната репрезентација на Хрватска, на Европското првенство во Полска 2016 година го освои бронзениот медал.Жељко Бабиќ е докажан ракометен стручњак, кој во нашиот проект влегува со голем ентузијам и желба за постигнување на врвни резултати и се разбира враќање на ракометните титули во најракометниот град – Битола.

Управата на РК Еурофарм Пелистер му посакува едно огромно добредојде, многу заеднички успеси и долготрајна соработка, стои во објавата на Фејсбук.

Loading...