Дома Македонија Ново зголемување на платите во здравството – Филипче најави за колку и...

Ново зголемување на платите во здравството – Филипче најави за колку и од кога

Повисоки плати од следниот месец ќе добијат здравствените работници, лекари, медицински сестри и здравствени соработници и младите лекари специјализанти и помошно техничкиот персонал.

Министерството за здравство и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Синдикатот на Клинички центар постигнаа договор за анексите на двата колективни договори и тој е потпишан неколку дена пред почнување со работа на техничката влада, сопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Според него, станува збор за договор до кој дошло по инклузивен и отворен процес на социјален дијалог, кој го воделе во континуитет во изминатите години, имајќи предвид, како што рече, дека ова зголемување на платите е практично трето во последните две години, а четврто ако се вклучи и зголемувањето на процентите за дежурства.

Новото последно зголемување, здравствените работници, лекари, медицински сестри и здравствени соработници и младите лекари специјализанти и помошно техничкиот персонал ќе го добијат од февруари годинава, со мартовската исплата.

Има зголемување од 20 отсто за наставниот кадар, за лекарите специјалисти ширум државата е предвидено зголемување од 25 отсто, општите лекари – 15 отсто, медицинските сестри – 10 отсто, здравствените соработници 5 отсто и исто толку проценти за помошно техничкиот персонал, рече Филипче.

Loading...