Дома Македонија ВМРО уште вечерва ќе влегува по институциите

ВМРО уште вечерва ќе влегува по институциите

Loading...

Уште денеска ќе влеземе во институциите, а првата работа што ќе ја направиме ќе биде да ја согледаме состојбата во министерствата директно, внатре за да преземеме чекори кои ќе значат подобро утре за македонските граѓани, изјави дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски во Собранието по именувањето на дополнителните заменици министри во техничката Влада.

Според Трипуновски, техничката Влада што беше избрана денеска, нема да направи чуда, ниту ќе може да ги реши, како што рече, напластените проблеми. Заев, истакна Трипуновски, веќе не е премиер, но неговата оставштина на погрешни чекори и политики се уште владее во земјава.

-Нема поголема одговорност од тоа да се служи на граѓаните и да се работи за Република Македонија, особено во време кога државата стагнира, кога назадува и кога е во слепа улица заради сите штетни и погрешни политики. За жал, Македонија денес има криминализирано општество преполно со корупција, недоследности и неправди.

Јас и моите колеги ветуваме беспоштедна работа со која ќе обезбедиме волјата на граѓаните да биде изразена на слободни и фер избори. Оваа техничка Влада има за број еден цел да ги заштити волјата на граѓаните, нивните права и слободи, истакна Трипуновски.

Заев е поразен, дополни, но неговиот систем треба да се порази на избори.

-Реалноста говори дека во овие моменти се врши масовна партизација во администрацијата, а непотизмот се шири како зараза во Репулика Македонија. Илјадници решенија за прераспределба се изречени во МВР, деградирани се професионалци на сметка на партиски и политички решенија. Потребна е итна борба против криминалот и галопирачката корупција, напомена Трипуновски.

Loading...