Дома Македонија Ременски очекува соработка со новиот министер од ВМРО

Ременски очекува соработка со новиот министер од ВМРО

Loading...

Потпретседателката на Собранието и пратеничка од СДСМ Фросина Ременски тврди дека одлуката за обвинение против неа е избрзана и апсурдна затоа што нема никакви докази против неа.

-Во однос на одлуката на Јавното обвинителство можам само да искоментирам дека е избрзана одлука и е само уште една потврда за тоа дека конструкции без докази може да станат основи за обвинение.

Тоа секако ќе се докаже, но за тоа некој мора да сноси одговорност и можам слободно да кажам дека со овој процес можам слободно да најавам и реформа на Јавното обвинителство, имајќи предвид дека многу од прашањата допрени во јавноста останаа неодговорени и секако тука не очекувам соработка од останати институции, но очекувам соработка од новиот министер за внатрешни работи, којшто можеби ќе има слух и сенс за одредени прашања којшто не беа отворени во изминатиот период, со тоа да добијат на гласност, а со тоа и опозицијата да покаже дека стои на ставот дека ќе работи професионално и согласно закон, изјави Ременски.

Во таа насока, Ременски рече дека токму овој ден кога во Собранието треба да биде изгласана техничката влада, не е случајно избран.

-Факт е дека причините за политички елиминации на најгруб можен начин се уште функционираат и јас сум длабоко убедена дека изборот на денешниот ден не е случаен, рече Ременски.

Loading...