Дома Балкан Бегалка од Босна стана министерка во австриската влада

Бегалка од Босна стана министерка во австриската влада

Алма Задиќ (35), по потекло од Тузла, стана министер за правда во новата австриска влада, како предлог на Зелената партија, која потпиша договор за коалиција со канцеларот Себастијан Курц.

Loading...

Народната партија на Курц победи на парламентарните избори на 29 септември, а Зелените добија значителен број места. Курц на тој начин се враќа на функцијата премиер, со тоа што Зелените за прв пат влегуваат во австриската влада, потврдија вчера лидерите на двете партии.

Претходната влада на Себастијан Курц, во која неговата партија беше во коалиција со екстремно десничарската партија Слобода (ФПО), падна во мај поради аферата Ибица, кога едно видео кое излезе во јавноста го покажа шефот на ФПО, Хајнц Кристијан Штахе, како и нуди владини тендери на жена која тврди дека е внука на руски олигарх.

Зелените добија четири од 15-те министерства во владата на Себастијан Курц, вклучувајќи го и Министерството за правда доверено на Тузланката Алма Задиќ, која на тој начин ќе стане најмладиот министер за правда во историјата на Австрија.

Таа избегала заедно со нејзините родители од Тузла во Виена во 1994 година, кога имала само 10 години, а дипломирала на правниот факултет во Австрија, а подоцна студирала во Њујорк на престижниот универзитет Колумбија.

Кога се вратила од САД, работела како адвокат седум години. Поради потеклото, таа била цел на вербални напади во минатото, пренесува Н1.

Поточно, во јуни 2018 година, кога за време на нејзината дискусија за заштита на разузнавачите, членот на Народната партија гласно одговори:

– Вие не сте во Босна, не мешајте се во тоа.

Пратеникот подоцна беше идентификуван како Јохан Радлер. Тој подоцна изјави дека не мислел ништо лошо и дека има многу позитивни ставови за Босна.

Задиќ е првата жена по потекло од Босна и Херцеговина која се избори за највисокото законодавно тело во Австрија на изборите за 2017 година. Таа сега презеде чекор подалеку со тоа што беше избрана во извршната власт и е доверена на еден од најважните оддели – судството.

Loading...