Дома Uncategorized ВМРО-ДПМНЕ има нов кандидат за МВР, од СДСМ прифаќаат

ВМРО-ДПМНЕ има нов кандидат за МВР, од СДСМ прифаќаат

Loading...

За владејачката СДСМ прифатлив е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев да биде технички министер во министерството за внатершни работи.

Како што соопштуваат од партијата, Чулев не е униформирано лице и против него нема покренато обвиненија, со што се исполнети уставните критериуми.

Со овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ, не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице и не е под обвинение. Со тоа се исполнети условите предлогот да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна влада која треба да ги спроведе изборите на 12 април, соопштија од СДСМ.

Техничката влада во собранието ќе се гласа во текот на утрешниот ден.

Она што е познато пак веќе дека останатите предлози пак на ВМРО ДПМНЕ за министри и нивни заменици не се спорни за владејачката СДСМ. Рашела Мизрахи ќе треба да го заземе местото на Мила Царовска, пратеничката Невенка Стаменковска ќе биде заменик во информатичко општество, Цветан Трипуновски во земјоделие, а Гордана Димитриеска Кочоска ќе биде доплнителен заменик во Министерството за финансии.

Loading...