Дома Македонија Уште еден јасен доказ дека Македонија се празни: Вакво нешто не се...

Уште еден јасен доказ дека Македонија се празни: Вакво нешто не се памети

Loading...

Новата година почна со близначињата во Скопје, но голем број градови во земјава уште чекаат на ваква радост.

Еден од нив е Велес каде гинеколошко – акушерското одделение во општата болница се уште чека да се роди првото бебе.

Во последните неколку години во Велес нема родено бебе на 1 јануари. Споредено со 2018 година кога биле родени 505 бебиња лани биле родени 32 бебиња помалку. Ова повторно го актуелизира проблемот со падот на наталитетот.

Социологот Илија Ацевски вели дека освен сигурноста во економска смисла, повеќе фактори што се пресудни за падот на наталитетот.

Статистичките податоци од година во година се поразителни. Според достапните податоци, за девет месеци од 2019та во земјава се родени 14.622 деца, а истиот период годината пред тоа биле родени речиси 2000 деца повеќе.

Но засега статистиката покажува дека во 2018та Македонија имала најмал наталитет во својата историја. Ако во 2010 имало над 24 илјади родени деца, во 2018та таа бројка е нешто повеќе од 21 илјада.

Освен малиот број на новородени деца, расте бројот на оние што се иселуваат со што предупредувањата на експертите се дека Македонија за неколку децении ќе стане држава на стари луѓе.

Извор: Канал 5.

Loading...