Loading...
Претседателот на Косово, Хашим Тачи го повика албанскиот премиер Еди Рама да потпишат меѓудржавен договор за укинување на границите и царините меѓу Косово и Албанија, објави „Алџезеира“.
Тачи рече дека Косово е подготвено да ги укине границите и царините наведувајќи дека Албанците од двете страни на границата се „браќа и иста нација“.
Потврдувам во име на институциите на Косово дека Косово уште денеска, не утре, е подготвено да донесе одлука за укинување на границите, царините и било кои други бариери во однос на Албанија.
Од денеска не би имало никакви бариери меѓу двете држави. Го повикувам мојот пријател Еди Рама да донесе таква одлука, а јас поготвено ја чекам, рече Тачи на конференцијата за новинарија, а ја пренесе агенцијата Бета.
Loading...