Дома Свет Папата се извини за тоа што ја удри жената

Папата се извини за тоа што ја удри жената

Снимката во која се гледа како папата Франциск удира по рака жена која му се поклонувала го обиколи светот, а набргу по тој инцидент следуваше и извинување од папата.

Loading...

Инцидентот се случил додека папата Франциско се движел во центарот на Ватикан.

Папата Франциск на плоштадот Св. Петар во новогодишната ноќ поздравуваше деца и верници. Во еден момент една верничка стилно ја стисна неговата рака, а за да се ослободи ја удри по раката.

Инцидентот се случил во центарот на Ватикан. Овој потег на папата предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, а додека едни сметаат дека неговата реакција била претерана, други тврдат дека немал избор и дека морал некако да се ослободи од жената која одеднаш го повлекла кон себе, обидувајќи се нешто да му каже.

Само еден ден по инцидентот, следуваше и извинување од папата Франциск.

-Сите ние често го губиме трпението, па тоа ми се случува и на мене. Се извинувам за лошиот пример кој го дадов вчера – рекол папата пред денешната миса во Ватикан.

Инаку видеото најверојатно под притисок од Ватикан е тргнато од Јутјуб.

Loading...