Дома Македонија Голем спектакл на скопскиот централен плоштад синоќа – Петре Шилегов објави ФОТО...

Голем спектакл на скопскиот централен плоштад синоќа – Петре Шилегов објави ФОТО со Дино Мерлин

Loading...

„Све је лаж, само пуста лаж“, но и бројни други популарни песни од неговиот репертоар, ги пееше вчеравечер Дино Мерлин за скопјани.

Огромен број граѓани од Скопје, но и од целата држава, според некои проценки дури и 50.000, го преполнија централниот плоштад „Македонија“, со намера Новата година да ја дочекаат токму со хитовите на балканската ѕвезда Дино Мерлин.

За добрата атмосфера придонесе и богатиот огномет на плоштадот.

Овој неколкучасовен спектакл беше организиран од Град Скопје, а пред Мерлин граѓаните ги забавуваа и групите „Gypsy Groove“ и „Суперхикс“.

Love you Скопје мое …

Со овие зборови скопскиот градоначалник Петре Шилегов, преку својот фејсбук профил, го изрази задоволството од спектакуларниот концерт на мега ѕвездата Дино Мерлин во главниот град на земјава.

Претходно, Град Скопје најави дека за Мерлин нема да платат ниту еден денар, а неговиот хонорар ќе биде платен само преку спонзорите.

Неколку часа пред концертот, градоначалникот Шилегов објави и фотографија со Дино Мерлин, потецирајќи дека се прават последните подготовки.

Со овој концерт завршува и „Винтерленд“, или зимскиот град кој втора година по ред се организира на скопскиот плоштад.

Публикувахте от Петре Шилегов в Вторник, 31 декември 2019 г.

Извор на фото: Фејсбук профил на Град Скопје

Loading...