Дома Балкан Црногорскиот премиер со последно предупредување до Амфилохие

Црногорскиот премиер со последно предупредување до Амфилохие

Душко Марковиќ, премиерот на Црна Гора, денес го испрати како што кажа, „последното предупредување“ до митрополитот на Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора Амфилохије да не поттикнува немири поради усвојувањето на законот за слобода на вероисповедта.

Loading...

Низ цела Црна Гора, од петокот, кога беше усвоен законот на кој се противат просрпските политички партии и СПЦ, се одржуваат молитви по кои се организираат протестни прошетки на граѓаните кои често резултираат со инциденти.

„Го повикувам свештенството на Спрската православна црква да се врати во црквите и храмовите, да ги повикаат верниците да служат и престојуваат во храмовите, да не ги повикуваат на пружање отпор на властите во однос на овој закон“, кажа тој, истакнувајќи дека во црквите се планираат немири, напади врз полициски службеници, граѓани и имот.

„Повикот за дијалог е отворен, а на митрополитот му советувам да не поттикнува незадоволство и немири. Ова е последно предупредување во таа смисла“, порача премиерот.

Марковиќ истакна дека во Црна Гора нема да има судири, но и дека државата нема да дозволи предизвикување немири и напади врз државните службеници и полицијата.

„Тука нема да има никакви судири. Тука никому не му е тесно – ни на Србите, ни на Црногорците, ни на Албанците, ни на муслиманите-Бошњаците, ни на Хрватите ни на било кој друг. Црна Гора е дом за сите.

Но во Црна Гора ќе се почитуваат црногорските закони, а не нечии други. Не грижете се за својата безбедност. Државата е тука да ја штити вашата безбедност и безбедноста на вашите семејства“, кажа Марковиќ.

Со усвојувањето на законот за верските заедници, кој беше подготвен во соработка во Венециската комисија, Црна Гора го смени законот од пред еден век и го поништи декретот на тогашниот регент Александар Караѓорѓевиќ од 1920 година со кој беше укината Црногорската православна црква.

Loading...