Дома Македонија Порталот Центар го избра Петре Шилегов за градоначалник на годината

Порталот Центар го избра Петре Шилегов за градоначалник на годината

Loading...

Петре Шилегов, за оваа година е избран за градоначалник на годината во Македонија, од страна на уредувачкиот колегиум на Centar.mk.

Како значајни факти поради кои Шилегов и оваа година е избран за градоначалник на годината се:

Симултаното градење, реконструирање и обнова на патната инфраструктура во Скопје. За почит е брзината со која се реконструираат скопските улици и булевари.

Централното градско подрачје речиси и да нема улица која што би требало да се обновува, по летната офанзива, кога тактички поради намалениот проток на возила за време на летните одмори, Шилегов и тимот се решија на една масовна офанзива на изградба.

Борбата за повеќе зеленило во Скопје. Особен придонес е зелениот кров над ГТЦ, но и желбата на Скопје да му биде вратено зеленилото кое што беше искасапено за време на владеењето на режимот.

Набавка на нови еколошки автобуси

Активно се бори против загадувањето.

Самиот го промовираше возењето на електричен тротинет, користењето на јавен превоз.

Работи на достапноста на алтернативните начини на греење, освен на дрва, како на пример на парно, а се залага и за гасифицирање на Скопје, со што ќе се намали аерозагадувањето.. работа и соработка со граѓаните.

Необичен и одличен начин на комуникација со граѓаните.

Шилегов е човек кој не се крие, и секогаш е тука да одговори на актуелните предизвици, решавајќи ги.

Често може да се види како лично е активен во најразлични ситуации низ Скопје.

Извор: центар.мк

Loading...