Дома Балкан Ах Колинда – по грешка ги повика гласачите да гласаат за нејзиниот...

Ах Колинда – по грешка ги повика гласачите да гласаат за нејзиниот противкандидат

За време на гостувањето на телевизијата Н1, кандидатката за хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ ги повика граѓаните на изборите, да го заокружат бројот 1.

Loading...

Под овој број, во вториот круг на претседателските избори во Хрватска се наоѓа нејзиниот противкандидат Зоран Милановиќ.

– Почитувани гласачи, ве повикувам да излезете на изборите на 5 јануари и да го дадете својот глас за Хрватска која ќе го продолжи процесот на раст и развој и за Хрватска која знае и може подобро, Хрватска која е горда на своите вредности и нема комплекс на помала вредност и во светот е рамноправен соговорник. Ве повикува да го заокружите бројот еден на гласачкото ливче, изјави Грабар-Китаровиќ.

Оваа информација прв ја пренесе порталот 24sata.hr, а коментарите во Хрватска се дека се работи за очигледен гаф на Грабар-Китаровиќ на само една недела до решавачкиот круг избори.

Од хрватската Државна изборна комисија кажаа дека прв на гласачкото ливче според правилата е кандидатот кој освоил најмногу гласови во првиот круг, а тоа е Милановиќ

Loading...