Дома Македонија Заев откри кога ќе си даде оставка

Заев откри кога ќе си даде оставка

Премиерот Заев рече дека на 3 јануари ќе си поднесе оставка од функцијата. Одговарајќи на новинарско прашање дали изборите ќе се одржат во договорениот термин Заев изрази задоволство што парламентот ќе ги донесе сите закони што треба да стапат во сила од први јануари и оти со тоа нема причина за одложување на изборите.

Loading...

„Ако се стои на зборот, од страна на Парламентот, нема потреба да нема избори, така што на 3 јануари јас ќе ја поднесам мојата оставка и верувам дека на истиот ден ќе може да се даде мандатот на новиот претседател на владата за да може истиот ден да се избере владата“, рече Заев.

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашната седница на партискиот Централен комитет треба да го предложи кандидатот за технички премиер во владата за спроведување на парламентарните избори договорени за април, откако предлогот претходно треба да помине и на Извршниот комитет.

Како што велат од владејачката партија, изборот на технички премиер се наоѓа на дневен ред на седницата, покрај изборот на нов партиски секретар за меѓународна соработка на местото на Дане Талески, кој заминува на амбасадорска служба во НАТО.

Loading...