Дома Македонија (ВИДЕО) Самохрана мајка од Берово остана без работа: Била принудувана да извршува...

(ВИДЕО) Самохрана мајка од Берово остана без работа: Била принудувана да извршува партиски задачи

Самохрана мајка на двајца студенти оставена без работа. Градските власти во Берово не и го продолжија договорот за работа наставник по англиски во основното училиште Дедо Иљо учителот..речиси девет години оваа жена се бори да добие решение за вработување.

Loading...

Двете дипломи на Павлина Мановска една од економскиот , друга од филолошкиот за тамошните власти не се доволни за да и го трансформираат договорот од определено, на непределено. Павлина реши јавно да проговори за она што се случува во образованието.

Буквално сите наставници што се вработени во училиштето се сите после мене, освен една наставничка .јас секогаш сум работела на испразнето место, никогаш не сум била на замена на некој за да рече дека не сум во можност да барам трансформација или не ги исполнувам законските услови. –објаснува Мановска

Мановска коментира дека образованието е местотот каде се прават најголемите партиски игри. Не е член на СДСМ, но за да го задржи работното место била принудена да одработува за партијата.

Едвај чекав да дојде промена на власта за да го решам мојот статус бидејки сум самохрана мајка.Затоа не ми е јасно,пракам порака до властите да видат какви луге поставиле по локалните самоуправи и по нивните општински организации ,буквално да изиграваат локални шерифи по општините и да си играт со судбината на лугето-вели Мановска.

Се обратила до народниот правобранител,ресорното министерство,побарала помош дури и од адвокат кој и сугерирал дека ваквите случаи можат да имат правна разврска секаде, но не и кај нас. Мановска прашува зошто законот нема ист аршин..

Целата сторија проследете ја на Алфа ТВ

Loading...