Дома Балкан Полицијата во Црна Гора по тешката ноќ утрово со полни раце работа

Полицијата во Црна Гора по тешката ноќ утрово со полни раце работа

Црногорската полиција денеска ги деблокираше влезните и излезните патишта до и од Подгорица, кои вчера беа блокирани од приврзаниците на опозицискиот Демократски фронт (ДФ).

Loading...

Сообраќајот во Подгорица утрово е нормализиран, по еднодневна блокада на црногорскиот главен град поради ненајавени протести на противниците на Законот за вероисповед, кој утрово беше усвоен во црногорскиот Парламент во услови на засилени тензии, инциденти и апсења на пратеници на ДФ.

Локалните медиуми јавуваат дека во главниот град на Црна Гора е мирно, а свештенството на Митрополијата Црногорско-приморска на СПЦ и неколку стотици приврзаници на црквата, кои од вчера во знак на протест се собраа на една од главните градски улици, утрово си заминаа после гласањето во Собранието.

Во полицијата се уште се сослушуваат 18 пратеници на ДФ кои беа уапсени по синоќешниот инцидент во Собранието на Црна Гора, пред донесувањето на Законот за слобода на вероисповед.

Loading...