Дома Балкан Очајно им требаат работници: Плаќаат по 50 евра за да им донесат...

Очајно им требаат работници: Плаќаат по 50 евра за да им донесат работник плус од Македонија

Хрватите плаќаат по 50 евра за да им се донесе работник плус од Македонија, раскажуваат нашинците кои работат во оваа балканска земја.

Се бараат градежници, келнери, готвачи, и други профили низ цела Хрватска, а најголема потреба од работници има во приморските градови. Месечно може да се заработат 1.000 евра. Но, се нуди и платено сместување, храна, како и покриен превоз во еден правец.

„Во Македонија работев во приватна фирма каде платата често доцнеше, поради што решив да заминам во Хрватска со пријатели. Работев на повеќе локации низ Хрватска. Следниот пат со мене заминуваат уште тројца луѓе, за што хрватските газди даваат надомест. Хрватска е преплавена од работници од БиХ, Србија, Косово. Задоволен сум од условите кои Хрватите ги нудат и може двојно повеќе да се заработи од Македонија. Од друга страна, Хрватите одат на печалба во Германија каде за истата работа добиваат три пати повисока сума на пари за работен час“, вели млад градежник од внатрешноста на Македонија.

Loading...

Има и македонски граѓани кои со своите семејства престојуваат и работат во Хрватска. Задоволни се пред сѐ од третманот кој таму го имаат.

„Овде има подобри услови, 13-та плата, плус божичница. Не е како кај нас, да земеш к – 15 и да го вратиш на газдата. Те ценат прво како човек, а потоа како работник. Јас лично сум задоволна, работници се бараат, а колку ќе заработите зависи од тоа што работите“, раскажува Лидија Т.

Loading...