Дома Македонија Мицкоски откри кога ќе го соопшти името на Министерот за внатрешни работи

Мицкоски откри кога ќе го соопшти името на Министерот за внатрешни работи

Министрите на ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе бидат честити и чесни луѓе, без дамка во професионалната кариера, повтори претседателот на ВМРО-ДМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во новогодишното интерву на МРТВ.

Loading...

Мицкоски рече дека засега нема да открива кои имиња ќе ги пополнат ослободените места во владата според Пржинскиот договор, но најави дека името на министерот за внатрешни работи ќе го соопшти по средбата со премиерот Зоран Заев во Владата, закажана за 16.30 часот.

Претходно, рече Мицкоски, ќе се сретне со пертседателот на ДУИ, Али Ахмети, а средбата ќе биде во Собранието во 16 часот.

Во деновите кои следат, најдоцна до Нова година јавноста ќе ги знае имињата и на другите технички министри, односно заменици-министри во техничката влада. Изборот, рече Мицкоски, ќе падне на професионалци.

Loading...