Дома Магазин Јавно ги критикуваше, па сега го викнаа да пее на плоштадот во...

Јавно ги критикуваше, па сега го викнаа да пее на плоштадот во Охрид за дочекот на Нова година

Ефто Пупиноски, доајенот на македонската народна песна, ќе пее на плоштадот во Охрид за дочекот на Новата година. Покрај него, свои настапи истата вечер ќе имаат и поп пејачот Ѓоко Танески и групата Камелеон.

Доајенот на македонската народна песна, Ефто Пупиноски ќе пее на плоштадот во Охрид за дочекот на Новата година. Покрај него, свои настапи истата вечер ќе имаат и поп пејачот Ѓоко Танески и групата Камелеон.

Loading...

Револтиран бидејќи оставил песни во кои што се промовира Охрид, односно песната ,,Лихнида кајче веслаше” со која им го рекламирал туризмот во градот, тој јавно им порача дека му е жал што им направил така убава песна, бидејќи тие ниту еднаш во животот не се сетиле да го поканат да им пее на плоштад.

-САМО КОЛКУ ДА СИ КАЖЕМЕ Вие своето го кажавте, да си го кажам јас моето. Охриѓани мои, ја знаете ли песната ,,Катино моме Катинке”? Значи ја знаете – добро. Ја знаете ли песната ,,Прости ми душо моја”? О да, ја знаете – одлично!Ја знаете ли песната ,,Прости ми душо моја”? О да, ја знаете – одлично!Велите овие песни ги знае и старо и младо. А го знаете ли балканскиот хит ,,Лихнида кајче веслаше”, каде што се зборува за Охридското езеро?

А бре охриѓани. А бре во живот не сте ме поканиле во Охрид – на плоштад, во оригинал да ви ги испеам сите овие и уште толку други мои хитови. Што ќе беше, што луѓе бевте?

На тој ваш плоштад во тој ваш Охрид други пејачи од Македонија и од надвор ви ги пеат моите песни, ама бледо, неквалитетно.

Помина скоро пола век, а вие не ја разбравте вредноста на таа „ЛИХНИДА“, хитот кој ве спомнува и ве величи кај балканскиот граѓанин, хитот кој само по себе си има некоја мала улога во рекламирањето на вашиот туризам. И замислете, јас не ви се лутам. Објективно вие немате капацитет тоа да го разберете. Многу ми е жал што ви направив толку убава песна. И уште нешто, тоа „охриѓани мои“ е грешка. Никогаш не сте биле мои – објави на почетокот на годината музичарот на социјалните мрежи.

Целата сторија проследете ја на Фокус.мк

Loading...