Дома Магазин (ФОТО) Кристина – поранешната на Кајмакоски преплашена: Откри што и се случува

(ФОТО) Кристина – поранешната на Кајмакоски преплашена: Откри што и се случува

Кристина Димитриевска која на јавноста и е попозната како поранешната сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски, периодов е доста актуелна во медиумите.

Причината за тоа е што таа деновиве стана мис на Балканот за 2019 година и ја доби дијадемата за најубавата девојка во регионот.

Ако пред неколку години како мажена жена беше во медиумска илегала, сега како разведена е една од најактивните корисници на социјалните мрежи како никогаш досега.

Објавува детали како од приватноста, така и од своите работни ангажмани како фитнес инструктор, пејачка и модел. Меѓу нејзините понови објави на „стори“ приказните, таа објави една фотографија за која појасни дека некој ја следи.

-Болесно е да те следат! Имете ли малку мозок?- прашува актуелната мисица која според знаковните симболи покажа дека е револтирана.

Идентитетот на лицето пред кое собрала храброст да застане и да го фотографира, го сокри пред очите на јавноста, но кога веќе е нејзин следач, веројатно ја следи секаде, па и на социјалните мрежи каде најверојатно ќе се препознае.

Оваа непријатност која влева страв, може да се случи секому, а на Кристина најсигурно и е да има придружба, за да се чувствува безбедна во секој чекор.