Црна Гора пред граѓански конфликт. Донесувањето на контроверзниот Закон за слобода на вероисповед синоќа предизвика инциденти во црногорскиот парламент. Фрлање со шишиња, кршење на компјутери и микрофони, обиди за физички пресметки и апсење на просрпските опозициски пратеници од Демократскиот фронт беа само дел од случувањата по усвојувањето на законот.
Вкупно 22 лица, 18 пратеници од опозицијата , и уште четворица биле уапсени по инцидентите. Од нив, денеска 19-мина се пуштени на слобода а во притвор се задржани Андрија Мандиќ, Милан Кнежевиќ и Милун Зоговиќ од Демократскиот фронт.
Во сите поголеми градови во државата имаше протести, а меѓу нив беше и Будва. Ова е град каде што многу Македонци планираат деновиве да замит за дочек на Нова година. Локалните медиуми јавуваат дека и денес градот е под опсадна на спцијални полициски сили.
Ние ќе загинеме за нашата црква, затоа демонстрираме…Имаше можност која ги задоволува сите страни, ние му кажавме на претседателот на Парламентот Брајовиќ, дека решението е да се прифатат амандманите на Митрополитот – само така во нашата земја ќе владее мир. – изјави Мандиќ.