Дома Балкан Српскиот министер Вулин: Соседи, Србите ви се богатство – чувајте ги!

Српскиот министер Вулин: Соседи, Србите ви се богатство – чувајте ги!

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин кажа дека во одбранбената стратегија, која ја разгледува српското собрание, на првото место е воената неутралност и дека „Србија е тука да ја сочува и да ѝ помогне на Република Српска“.

Тој за белградската телевизија О2 кажа дека Србите во соседните земји, односно нивното „чување“, е начинот тие земји да имаат најдобри односи со Србија.

„Не сме виновни за граѓанските војни во Хрватска, ни во Босна и Херцеговина, на просторот на поранешна СФРЈ“, кажа српскиот министер.

Loading...

„Сфатете сите наши соседи, сите наши комшии: Србите се богатство. Чувајте ги!“, изјави Вулин и додаде дека Србија ќе ги чува сите Срби каде и да живеат.

Loading...