Дома Останато Спиев со таткото на мојата пријателка, но тоа не е се

Спиев со таткото на мојата пријателка, но тоа не е се

Тој исто така е татко на нејзината пријателка па тоа е многу проблематична ситуација. Сексуалниот однос помеѓу нив се случил, како што кажува таа по 21-от роденден на нејзината пријателка, односно неговата ќерка.

„Тој е разведен така што не можеме да кажеме дека станува збор за изневерување, но се грижам како мојот татко и другарка ми би реагирале кога ќе дознаат за нас двајца. По забавата уште неколку пати се допишувавме и тој сака повторно да ме види.

Loading...

Навистина ми се допаѓа и можам да се замислам во врска со него, но чувствувам дека тоа би било лоша идеја“ – објаснила девојката во писмото кое ѝ го испратила на советничката Колин Ноал.

„Тоа им го признав на некои мои пријателки и тие се згрозени, но првенствено затоа што тој е “стар“. Сепак, верувале или не, тој всушност е добра личност и не поради тоа што ме познава од раѓање.

Мојот татко го запозна пред три години откако се преселивме во нивното соседство, а јас се зближив со неговата ќерка. Знам дека е комплицирано, но ми се допаѓа. Што да правам?“ – ја прашала девојката на познатата советничка.

Нолан на девојката ѝ рекла да го следи својот инстинкт кој вели дека тоа е лоша идеја.

„Тој е постар човек и тоа сега ти е возбудливо, но сметам дека неговото однесување е погрешно поради неколку причини. Твојот татко ќе биде бесен на него, а твојата пријателка ќе се разочара во двајцата. Без сомнеж ќе се уништат вашите семејни односи“ – ја советувала советничката.

Loading...