Дома Македонија Сите зборуваат за саатницата во Германија, но колку всушност е во Македонија

Сите зборуваат за саатницата во Германија, но колку всушност е во Македонија

Просечниот македонски работник лани заработил по 3.2 евра на час што е во најмала рака три пати помалку од просекот во развиените европски земји каде за еден час работа се плаќа и до 10 евра

Loading...

Ова го покажа анализата на структурната заработувачка на Државниот завод за статистика која од 2014 година го следи и анализира движењето на просечната бруто заработувачка на македонските граѓани.

Така, просечната годишна бруто заработувачка лани изнесувала 7.300 евра или 594 евра на месечно ниво, а од нив само 405 евра се чиста плата за работникот откако ќе се тргнат на страна давачките за социјални придонеси.

Најплатени се државните функционери и директорите
Анализата на ДЗС откри и голем диспаритет во заработувачката помеѓу професиите, па така во земјава најплатени се државните функционери и директори.

Членовите на законодавните и извршните тела, дипломатите и директорите, државните функционери и државните службеници на раководни позиции заработиле над два пати повеќе од просечната заработувачка.

Нивната просечна бруто заработувачка лани била 17.185 евра, а часот им бил платен по 7.3 евра.

Од друга страна, најмалку платени биле земјоделците и помошниците за подготовка на храна кои годишно во просек земале 4.545 евра, а за еден час само 2 евра.

Вообичаено, најголеми плати се регистрирани во главниот град, а најслабо платени се работниците во Куманово, Кратово, Старо Нагоричане и Липково и Ранковце.

Според податоците од анализата на структурната заработувачка на ДЗС за 2018 година, за истите работни места и за еден час работа мажите биле плаќани 3.5 евра, а жените 2.9 евра.

Loading...