Дома Македонија И ова го немавме видено: Оџа ќе биде амбасадор на Македонија и...

И ова го немавме видено: Оџа ќе биде амбасадор на Македонија и тоа во Кина

Оџа за амбасадор на Македонија во Кина. Имамот Џемаил Чупи, поранешен кандидат за градоначелник на Дебар од редовите на БЕСА на листата на амбасадори кои владата ја усвои на 12 декември на предлог на МНР. Освен што е оџа во биографијата на Чупи е наведено дека студирал на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, дека е доктор по политички науки и оти предава на Универзитетот за бизнис и технологија во Приштина.

Loading...

Сепак и покрај професионалното доусовршување на youtube можат да се најдат снимки од 2014 на кои се гледа како Чупи држи проповеди во Германија. Тој инаку бил дел од медреста Иса Беј во Кондово.

Името на Чупи за амбасадор дошло на предлог на Алтернатива на Африм Гаши од каде за Телма велат дека Чупи е избран зошто е специјализиран во областа на дипломатијата со научно звање магистар на дипломатија, но и оти тековно работел на истражување во областа на меѓународните односи.

Инаку актуелниот закон за МНР овозможува именување на амбасадори од редот на истакнати личности од областа на надворешната политика, меѓународните односи, меѓународното право, науката и културата.

Дискутабилно во именувањето на Чупи е тежината на неговиот професионален бек-граунд за да може да биде избран за амбасадор, ако до пред само пет години бил имам.

Целата сторија проследете ја на ТВ Телма

Loading...