Дома Македонија (ВИДЕО) Фатиме Фетаи кратко и јасно ја искоментира одлуката со која Мијалков...

(ВИДЕО) Фатиме Фетаи кратко и јасно ја искоментира одлуката со која Мијалков и Тачи нема да одат во затвор

Апелациониот суд Скопје ги укина пресудите против Сашо Мијалков, Мендух Тачи и поранешни членови на Државната изборна комисија од ВМРО-ДПМНЕ и случајот „Титаник 2“ го враќа на повторно судење.

Loading...

Апелациониот суд Скопје, донесе одлука со која ги уважи жалбите на обвинетите во случајот познат како „Титаник 2“, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, стои во соопштението од Апелација.

Случајот Титаник 2 се однесува на договорено гласање во ДИК за приговор за локалните избори во Струмица во 2013.

Во Основниот кривичен суд пристигна и обвинителката Фатиме Фетаи. Таа на новинарско прашање на ТВ21 за одлуката на Апелација за укинување на пресудата за Мијалков истакна дека одлуката се уште ја немаат.

„Прилично е напаѓачко соопштението, а се знае дека нападот е најдобра одбрана“, искоментира Фетаи за соопштението.

Loading...