Дома Магазин Македонската пејачка откри: Никогаш не сум била мажена, моето дета е од...

Македонската пејачка откри: Никогаш не сум била мажена, моето дета е од човек со кој што бев во врска

Македонската пејачка Сузана Спасовска беше гостинка во емисијата „Живот со стил“ каде што проговори за својата музичка кариера, за Нова година, за нејзините почетоци, приватниот живот.

Еден од најважните денови на Спасовска во 2019 беше денот кога ја омажи својата ќерка Теона.

„Теона е многу добар организатор. Повеќето работи сама си ги направи, заедно со момчето. Меѓутоа, јас сум секогаш тука кога треба да се помогне, а најмногу треба да се помогне кога треба да се плати. Сите работи ги правевме заеднички,се договаравме. Свадбата помина прекрасно, не очекував дека толку лесно ќе помине. Не го почувствував напорот на тој ден“ вели пејачката.

Loading...

Сузе откри дека најголема поддршка и се нејзините родители кои ја чувале Теона додека пејачката имала настапи. Суза во емисијата откри дека никогаш не била разведена поточно дека никогаш не била во брак.

„Никогаш не бев омажена. Јас не сум имала брак, ниту во мојот ум не постои тој збор. Ако некој се сака, може да се сака и без брак. Јас не бев мажена, Теона е дете на човек со кој што сум била во врска, човек кој што замина кога Теона имаше една година и до денес ја нема видено,ниту прашано дали треба нешто. Јас и Теона си живеевме еден наш убав и мирен живот. Во тој период кога бев со тој човек не се омажив, но Теона е признаено дете. Во нејзиниот извод пишува кој е таткото“ вели Спасовска.

Loading...