Дома Балкан Курти како да нема среќа да биде Премиер – Косово најверојатно оди...

Курти како да нема среќа да биде Премиер – Косово најверојатно оди на нови избори

Претседателот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, преку видео порака на социјалните мрежи, соопшти дека е преговорите со Демократскиот сојуз на Косово се пропаднати, како и дека нема договор за формирање на нова влада.

Курти ги објасни причните поради кои не успеале да се договорат со Демократскиот сојуз на Косово. Тој рече дека вчера испратиле нова понуда до Демократскиот сојуз на Косово.

– Прашањето за претседателот подобро да го оставиме за подоцна. Но, ДСК, инсистира на тоа ние да ветиме дека нивен човек ќе ја заземе таа функција. Во тој случај, нам би требало да ни припадне уште едно министерство: МВР, кое има важна улога во борбата против криминалот и корупцијата – вели Курти во видеото кое го сподели на социјалните мрежи.

Loading...

Прочитајте и… Макрадули: Осоговските Планини како заштитено подрачје, е еден од приоритетите
За утре е закажана конститутивната седница на собранието на Косово, но се чини дека земјата ќе оди на нови избори.

Loading...