Дома Балкан Стипе Месиќ: Колинда не треба да биде повторно избрана за Претседател

Стипе Месиќ: Колинда не треба да биде повторно избрана за Претседател

„Таа ги користеше туѓите успеси, на пример на фудбалерите, па таму се претставуваше. Но самата не направи ништо. Даваше недостижни ветувања дека Хрватска ќе биде најпросперитетната и најбогатата држава во Европа и во светот ако гласачите ја изберат неа за претседателка. Таа одржа говори кои често немаат никаква врска со ништо“, изјави Месиќ.

Loading...

Тој изрази сомнеж дека хрватските гласачи во вториот криг ќе донесат најразумна и најмудра одлука.

„Шкоро најави дека останува во политиката… ако тој остане во политиката, тој не може своите гласачи да ги повика да гласаат за ХДЗ. Бидејќи тоа тогаш би била изгубена битка. Тој мора да ги задржи своите гласачи и на тој терен да ја бара својата гласачка база.

Тоа е можноста во вториот круг да се појават пукнатини во политичкиот простор на Грабар-Китаровиќ и да завршат со поместување кон една посмирена, покултурна и подемократска Хрватска“, вели поранешниот претседател на Хрватска Стипе Месиќ.

Loading...