Дома Македонија Пендаровски со својата изјава вечерва ги израдува Албанците во Македонија

Пендаровски со својата изјава вечерва ги израдува Албанците во Македонија

Правата на било кој во оваа земја не треба да зависат од нивната бројност, рече во денешното гостување во „Емисијата 200“ на Алсат претседателот на државата, Стево Пендаровски. Говорејќи за надминување на вмешаноста на политиката во престојниот попис на населението Пендаровски вели:

Loading...

„Албанците и да не се 20%, а не може да бидат помалку, за жал сите се селиме, тоа се приказни дека Албанците сега се под 20%, тргнувајќи од тоа дека ние сѐ уште имаме два милиони жители, а немаме. Мојата политичка декларација ќе биде, а ќе ја побарам и од другите политички партии на власт и опозиција…и да си 3% и да си 5% не ги гледај како бројка, тие права ги имаш и можеме да зборуваме само за подобрување на состојбата и на статусот и твој и мој“, вели Пендаровски.

Законот за јазиците е во согласност со Амандманот 5 од Уставот и го искористува до максимум, вели во денешното гостување во „Емисијата 200“ на Алсат претседателот на државата, Стево Пендаровски. Запрашан за став во врска со имплементацијата на Законот за јазиците и со заклучоците на Венецијанската комисија Пендаровски вели дека единствена забелешка е можноста за нивна имплементација на терен, особено во правосудните органи.

„Можете да изгубите година или две, само во преводи и странката да не може да го оствари своето право чекајќи ги преводите. Едно од главните начела кое важи во Европа, за кое често нѐ критикуваат и нас е принципот – судење во разумен рок. Може на крај да ми ја доделиш правдата, но ако е тоа после 10-12 години се смета дека си ги повредил моите права“.

Loading...